Connect with us

Фудбал

Неодоливиот Бензема го растури Челзи и му даде моќен поттик на Реал во полуфиналето

Реал Мадрид направи голем чекор кон пласман во полуфиналето на Лигата на шампионите, откако победи со чисти 3:1 на гостувањето кај Челзи во првата пресметка меѓу двата тима во четврт-финалето.

Ѕвезда на вечерта беше Карим Бензема, кој ги постигна сите три гола за гостите на „Стемфорд Бриџ“ во 21., 24. и 47. минута.

Така, тој стана само четвртиот играч кој постигнал хет-трик во два последователни натпревари во Лигата на шампионите.

Каи Хаверц погоди за домаќините во 40. минута.

На крајот, сепак, Реал Мадрид замина со два гола предност од Лондон и е огромен фаворит за продолжување во пресрет на реваншот на „Сантијаго Бернабеу“. Челзи, пак, е против ѕид и мора да направи мало чудо во реваншот доколку сака да продолжи да ја брани титулата на турнирот.