Connect with us

Кошарка

Нереална цифра за нов договор на Лука Дончиќ

Лука Дончиќ ќе потпише нов договор со Далас Маверикс.

Словенечкиот кошаркар кој пристигна во НБА лигата во 2018 година како трет пик на драфтот и се покажа како вистински избор.

Лука стана една од најголемите НБА ѕвезди, а тоа на крајот ќе му донесе нереални пари со новиот договор.

Така, ако Дончиќ биде избран во една од трите најдобри екипи на крајот од сезоната, што е сигурно, тој ќе има можност да потпише нов договор.

Станува збор за петгодишна соработка во вредност од 201,5 милиони долари и ќе се изедначи со Стеф Кари кој потпиша петгодишен договор со Вориорс со иста вредност.

Ќе има само тројца кошаркари пред Дончиќ со договорите. Станува збор за Расел Вестбрук (207 милиони долари – пет години), Џејмс Харден (228 милиони долари – шест години) и Демијан Лилард кој доби 257 милиони долари за шестгодишен договор со Портланд Трејл Блејзерс.

Лука Дончиќ беше навистина феноменален во дресот на Мавс и минатата сезона, а имаше просек од 27,7 поени и имаше осум скока и 8,6 асистенции по натпревар.

Во плејофот овие бројки се зголемија дополнително, а против Клиперси во седум натпревари, тој имаше учинок од 35,7 поени, 10,3 асистенции и 7,9 скока по натпревар.

Реклама

Facebook