SPORTM.mk
Нереални сцени: Претседателот на клубот во соблекувалната делеше пари на противниците
Луди сцени беа видени на неодамнешниот натпревар од Лигата на шампионите Конкакаф помеѓу суринамскиот тим Интер Моенготапое и Олимпија од Хондурас.
На теренот се појави 60 -годишниот Рони Брунсвијк, сопственик на Интер и потпретседател на Суринам.
Човекот кој беше под бројни истраги за трговија со дрога ја одведе својата екипа на теренот како капитен, но не се прослави бидејќи Интер го загуби натпреварот со 6-0.
Ladies and gentlemen. The Vice President of Suriname repping his country, by playing for the team he owns, in CONCACAF League. pic.twitter.com/e9WU6nzYkm
— Justice Weller Colde (@JusticeColde) September 21, 2021
➡ Ronnie Brunswijk (60 años), vicepresidente de Surinam y dueño del club Inter Moengotapoe, está jugando de titular vs Olimpia en la #ConcacafLeague ⚽️
??Momento histórico pic.twitter.com/KkLg2BsPNr
— TUDNRadio (@TudnRadio) September 22, 2021
По натпреварот, се случи уште една бизарна сцена во која Брунсвијк одигра улога.
Тој им подели пари на противничките фудбалери во соблекувалната, а фудбалерите буквално се мачеа да стигнат до потпретседателот.
Video was streamed tonight from Olimpia's locker room that appears to show Ronnie Brunswijk giving people in the locker room cash. He also leaves with an Olimpia shirt.pic.twitter.com/eQ1Vk928Bl
— Jon Arnold (@ArnoldcommaJon) September 22, 2021
Поради оваа снимка, Конкакаф започна истрага. Олимпија може да се соочи со казна за видеото што е навистина бизарно.