Фудбал
Нешто се „крчка“ во Милано, познат агент во просториите на клубот
Милан е прилично активен во зимскиот преоден рок. Го ангажираа Ибрахимовиќ, на позајмица дојдоа Беговиќ од Борнмут и Кјаер од Севиља. Се обидуваат и да го донесат Дани Олмо од Динамо Загреб, но имаат силна конкуренција од Лајпциг и Вулверхемптон.
Сепак, како стојат работите подготвуваат изненадување. Како што пренесуваат медиумите од Италија познатиот фудбалски агент Агустин Хименес. Во прашање е човек кој се грижи за кариерата од Анхел Кореа од Атлетико Мадрид и Родриго Де Паул од Удинезе. Кореа минатото лето се поврзуваше со Милан, но Атлетико браше 50 милиони. Останува прашањето за кој фудбалер агентот Хименес е во седиштето на Милан.