Connect with us

Фудбал

Несторовски би можел да замине од Удинезе

Македонскиот репрезентативец Илија Несторовски во текот на зимскиот преоден рок најверојатно ќе го напушти Удинезе, но натаму ќе остане во Серија А.

Се работи за екипата на Специја, која според италијанските медиуми будно ја следи ситуацијата со напаѓачот. Несторовски не е во прв план на „Дачиа Арена“, а сезоната запиша само еден старт од првата минута и тоа во Копа Италија.

Нестороски сезонава ретко добива шанса во првата постава на екипата од Удине и во досегашниот тек само еднаш беше меѓу стартерите и тоа на Куп натпреварот против Виченца, а во Серија А само три пати влегуваше во игра од клупата за резервни играчи.

Несторовски има 30 години, а пристигна во Удине минатиот јули од кога запиша 34 настапи за тимот и постигна три погодоци.