Connect with us

Фудбал

Несторовски и Трајковски добија нов сопственик

Маурицио Зампарини го продаде италијанскиот клуб Палермо на компанија од Лондон за десет милиони евра. Тој сакаше да се ослободи од клубот за кој настапуваат нашите Илија Несторовски и Александар Трајковски, во кој како што вели самиот, вложил повеќе од 150 милиони евра откако го купи Палермо од тогашниот претседател на Рома, Франко Сенси во 2002 година.

  • Со кнедла во грлото го потпишав договорот, барав некој кој може да вложи повеќе пари, а новите сопственици ќе имаат добра ситуација, чисти сметки и поддршка од навивачите. И јас сум од северот на Италија, но во душата после се станав Сицилијанец, вели Зампарини.

Палермо во последните години е на клацкалка помеѓу Серија А и Б, моментално се лидери во втората лига, имаат квалитетен тим и набрзо би можеле да се вратат во елитата.

Зампарини во текот на изминатите години продаде голем број одлични играчи како Лука Тони, Барзаљи, Амаури, Кавани, Пасторе, Франко Васкез, Дибала, а со тие огромни трансфери го финансираше клубот кој најголемиот дел од своето постоење пред неговото доаѓање го мина во третата лига.