Connect with us

Фудбал

Несторовски ќе има нов клуб, утре медицински прегледи, останува во Италија, но не во Серија А?!

Македонскиот напаѓач Илија Несторовски утре ќе има нов клуб, пишуваат италијанските медиуми. Досегашниот напаѓач на Удинезе во новата сезона ќе го носи дресот на Асколи кој се натпреварува во Серија Б. Како опција се спомнуваа Палермо, Тернана и Козенца но на крајот Македонецот, според она што го открива Џанлука Ди Марцио, постигнал договор со Асколи. За утре веќе се закажани медицинските тестови.

Несторовски има 33 години, четири сезони играше за Удинезе, а претходно три за Палермо.