Фудбал
Несторовски конечно постигна гол, прв во Серија А по ноември 2022 година (ВИДЕО)
Удинезе води на гостувањето кај Салернитана по првото полувреме со 2:1, а стрелец на еден гол е македонскиот напаѓач Илија Несторовски. Ова е прв гол за него во Серија А уште од 22 ноември минатата година кога постигна гол на мечот против Наполи. Ова е само втор гол за Несторовски оваа сезона.