Фудбал
Несудениот македонски репрезентативец има нов клуб
Фудбалерот за врска Урош Матиќ, брат на далеку попопуларнот и поквалитетен фудбалер Немања Матиќ има нов клуб. Кариерата ќе ја продолжи во Карабах, а досега го носеше дресот на АПОЕЛ како позајмен од Копенхаген.
View this post on Instagram
Урош Матиќ е несуден македонски репрезентативец. Беше и во посета на ФФМ по што беше активирана постапката за доделување на пасош, а тој изрази желба да игра за Македонија поради неговите претци кои имаат потекло од нашата земја. Сепак, никогаш не беше средена документацијата од ФИФА.
