Connect with us

Фудбал

Со нетрпение се чека Дембеле, Барселона потврди дека ќе биде стартер против Леванте

Најскапиот трансфер на екипата од Каталонија, Оусман Дембеле, се очекува да се врати во игра на 7 јануари на дуелот со Леванте во Ла Лига. Французинот настрада на почетокот на сезоната, а сега неговото појавување се чека со нетрпение, уште повеќе што беше подготвен за игра уште во „Ел Класико” со Реал Мадрид на 23 декември.

Од Барселона веќе потврдија дека Дембеле ќе игра и речиси сигурно ќе биде меѓу стартерите за натпреварот со Леванте.