Connect with us

Други спортови

Неуништлив Новак: Циципас поведе со 0:2 во сетови, но Ѓоковиќ на крајот го освои Ролан Гарос

Во финалето на вториот Грен слем во сезоната на Ролан Гарос, тенисерот од Србија, Новак Ѓоковиќ, го победи Стефанос Циципас од Грција со 3:2 по повеќе од четири часа тенис.

За Ѓоковиќ ова беше 19-та грен слем титула до која стигна со уште еден неверојатен пресврт.

Првиот сет понуди одличен тенис и одлична драма. Се стигна до таи брејк, каде се гледаше и драма. Разликата беше решена таму каде Циципас славеше со 6:8 и го доби првиот сет со 6:7.

Во вториот сет, Гркот играше фантастична игра. Ѓоковиќ не беше на ниво, а Циципас го искористи тоа во секој поен и славеше со 2:6 за водство од 0:2 во сетови.

Во третиот сет Ѓоковиќ се разигра. Тој поведе со 4:1 држејќи ги конците на играта во свои раце, што резултираше со триумф од 6:3 на крајот од сетот и првиот светски рекет ја намали предноста на Циципас во сетови на 1:2.

Во четвртиот сет фуриозен старт на Ѓоковиќ, кој поведе со 4:0, и го донесе сетот кон крајот со убедливи 6:2 за израмнување на сетот на 2:2.

Почетокот на петтиот решавачки сет носи брејк на Ѓоковиќ, кој веднаш го сврте текот на играта на своја страна и го задржа тој ритам до крајот на сетот, кој го донесе во своја предност со 6:4 за вкупно 3:2 и 19-та Грен слем титула во неговата кариера.

Новак Ѓоковиќ – Стефанос Циципас 3:2 (6:7, 2:6, 6:3, 6:2, 6:4)