Фудбал
Неверојатен кикс на легендата Буфон, ќе го памети додека е жив (ВИДЕО)
Парма загуби на гостувањето кај Перуџа со 2:1, а еден од головите оди на „душа“ на легендарниот голман Џанлуиџи Буфон. Тој направи неверојатен кикс кој не го направил во својата долгогодишна кариера. Сигурно дека ова ќе го памети додека е жив. Инаку, македонскиот интернационалец Горан Пандев го почна мечот од почеток, а беше сменет во 56-тата минута. Парма е на 13-то место во Серија Б и одамна ги загуби шансите да се бори за плеј оф за пласман во најсилната лига во Италија.
This is the Buffon moment I mentioned earlier #PerugiaParma🇮🇹 pic.twitter.com/30WcZ1YQbY
— Richard Hall (@RichHall80) April 25, 2022