Connect with us

Други спортови

НЕВЕРОЈАТEН НОЛE! Цела Србија му се поклонува на Ѓоковиќ поради овој потег, кој друг би го сторил ова?

Страшниот потег на Новак Ѓоковиќ… Најдобриот тенисер уште еднаш покажа колку се грижи за развојот на овој спорт во Србија.

Вратите на неговиот тениски центар се отворени за играчите, а околу 15 од нив се исклучително благодарни за оваа можност.

– Во зима, терените се многу скапи за тенисерите, особено за оние кои се од 700 до 1000 место на АТП листата – изјави српскиот тренер Петар Поповиќ за француски „Л’Екип“.

Продолжи во истиот ритам.

– Новак направи фантастична работа за нашата земја, тоа е неверојатна работа.

Првите играчи пристигнаа во понеделникот, а тоа се Филип Крајиновиќ, Ласло Чере, Данило Петровиќ, Виктор Троицки, Марко Тепавац, Борис Бутулија, Хамад Меџедовиќ и Никола Чачиќ.

– Ќе има неколку девојки, меѓу кои и Олга Даниловиќ, вкупно околу 15 тенисерки. Тоа е неверојатно нешто за нашата земја што ни требаше, особено за младите. Не гледам други тенисери во нивната земја да го прават тоа. Новак не се фали со тоа, и покажа дека е одличен и дека мисли на другите – додаде Петар Поповиќ во изјава за француските медиуми.