Connect with us

Фудбал

Неверојатна грешка – играше со нога, ВАР, пенал, црвен! (ВИДЕО)

Неверојатна ситуација беше видена во саботата на првиот натпревар од четвртфиналето на африканската Лига на шампиони меѓу Ал Ахли и Раџа Казабланка.

Имено, во 60. минута главниот судија Жан Жак Ндал досуди пенал за домаќините при водство на Ал Ахли од 2:1, иако беше очигледно дека не станува збор за играње со рака.

Реагираше и ВАР собата која го повика судијата да ја разгледа спорната ситуација, но на изненадување на сите Ндал не ја промени својата одлука. На видеото се гледа дека топката го погоди Маруан Хадхуди во ногата, но судијата покажа на белата точка и на споменатиот играч му покажа црвен картон.

Ал Ахли не ја реализираше најстрогата казна, но натпреварот заврши со резултат 2:1 за домаќините.

 

Реклама

Facebook