Фудбал
НЕВЕРОЈАТНА ПРИКАЗНА ОД ШПАНИЈА: Атлетико одби одличен играч од средниот ред поради бизарна причина
Атлетико Мадрид зад себе има уште една лоша сезона. Клубот не отиде далеку во Лигата на шампионите, а не се прослави ниту во лигата.
„Јорганџиите“ наголемо почнаа да го составуваат тимот за следната сезона, а како една од опциите се споменуваше играчот за врска на Марсеј – Бубакар Камара. Сепак, францускиот играч за врска заврши во Астон Вила малку изненадувачки. Шпанските медиуми открија дека причината за повлекувањето на Атлетик е тоа што Бубакар ги пречекал во шорцеви и бос во својата куќа?! Спортскиот директор Андреа Берта тоа го протолкува како лош знак и дека Французинот го нема потребниот квалитет и менталитет да игра за Диего Симеоне.