Други спортови
Неверојатна трка во Шпанија: Трагедијата на Ферари ја искористи Ред Бул, Мерцедес се разбуди
Гледавме неверојатната Формула 1 трка за Големата награда на Шпанија. Во ниту еден круг не недостигаше возбуда, а на крајот имаат причини за солзи во Ферари, а се слави во Ред Бул.
Леклер брилијантно ја отвори трката, ја задржа првата позиција од квалификациите, маестрално возеше до 27. круг, кога неговиот болид само откажа и мораше да ја заврши трката, иако во тој момент имаше над 20 секунди предност пред Герог Расел во Мерцедес.
Расел возеше одлична трка и имаше одлична борба со Макс Верстапен кој ја држеше позицијата зад него во поголемиот дел од трката.
Во 35-от круг Серхио Перез ја користи целата лудница на патеката и го презема водството пред Расел и Верстапен.
Карлос Саинц навести и дека Ферари што поскоро ќе заборави на трката во Шпанија.
Видовме и дуел меѓу Кевин Магнусен и Луис Хамилтон, по кој Хамилтон мораше да замине во боксот и загуби повеќе од десет позиции.
Во 38. круг „партијата шах“ започна преку боксот, со Мерцедес и Ред Бул во водство, а на крајот од оваа неверојатна трка, Макс Верстапен прв ја мина целта со болидот на Ред Бул.
Двојниот триумф на Ред Бул го потврди Серхио Перез, а до подиумот стигна Џорџ Расел со Мерцедес кој денеска извозе одлична трка.
И покрај турбуленциите на стартот на трката, финишот ни понуди борба меѓу Карлос Саинц и Луис Хамилтон за четвртото место. Карлос Саинц дојде на четвртото место во Ферари, додека Луис Хамилтон го освои петтото место и ги зголеми бодовите на Мерцедес.