Други спортови
Неверојатна заработка од борбата Тајсон и Џонс
Мајк Тајсон и Рој Џонс во саботата одржаа изложбен натпревар на кој немаше победници.
Осум рунди од две минути беа доволно за легендите на боксот да покажат дека сè уште не се за старо железо, иако се наоѓаат во шестата деценија од животот, а на крајот натпреварот беше прогласен за нерешен резултат.
Голем интерес привлече овој натпревар. Продажбата беше многу добра, а според американските медиуми се продадени повеќе од милион преноси.
Тоа им донесе профит на организаторите од 50 милиони долари, а борците добро се снајдоа. Тајсон зеде 10 милиони долари, а Џонс три.
Железниот Мајк најави дека добар дел од парите ќе бидат донирани во добротворни цели.