Фудбал
Неверојатната колекција на Гвардиола: За десет години – 24 трофеи!
Како и да се одвива неговата кариера во иднина, јасно е дека Пеп Гвардиола ќе остане запишан како еден од најдобрите и најуспешни тренери во историјата.
Можат да зборуваат што сакаат: дека трошел многу пари на играчи, дека водел само силни тимови, дека има среќа итн., но пред фактите и боговите молчат. А, фактите велат дека за десет години тренерска кариера (со една година пауза), Гвардиола освои неверојатни 24 трофеи.
Уште поинтересно е тоа што повеќе од половината, односно 14 освои додека ја водеше Барселона, а на клупата на каталонскиот клуб остана само четири сезони. Три години го водеше Баерн, а оваа ќе биде трета на клупата на Манчестер Сити.
sportclub.mk