Тајмаут
Неверојатни сцени од Мундијалот: Иранските фудбалери одбиле да ја пеат националната химна, навивачите ја исвиркаа
Фудбалската репрезентација на Иран требаше да биде како домаќин на Мундијалот бидејќи игра во своето соседство. Катар се наоѓа директно спроти Иран и го дели само Персискиот Залив. Но, атмосферата воопшто не е фудбалска поради големите општествени промени и граѓански немири кои беснеат низ земјата во последните месеци.
На првиот натпревар на Светското првенство, кој Иран го одигра против Англија , фудбалерите и навивачите решија да испратат порака до светот. Играчите не ја пееја сопствената химна, а навивачите дури и ја исвиркаа. На трибините камерите фатија Иранка во солзи бидејќи оваа порака од навивачите беше упатена до Иранките и нивните права во таа земја.
Таа сцена можете да ја погледнете овде.
All Iranian players refused to sing the national anthem of the Mullahs from 1990 before kick-off against England.
The Iranian opposition uses “Ey Irân", a patriotic song from 1944, as the country's unofficial national anthem. pic.twitter.com/a6oUuCEBAq
— Visegrád 24 (@visegrad24) November 21, 2022
Протестите во Иран започнаа кога Махса Амини , 22-годишна Иранка, почина во затвор откако беше одведена таму од полицијата за морал поради кршење на иранскиот строг кодекс на облекување за жените.
Сè се интензивираше кога организаторите на протестот повикаа на тридневна акција за одбележување на „крвавиот ноември“ од 2019 година, кога стотици беа убиени за време на протестите против поскапувањата на горивото.
„Сегашната ситуација во Иран не е добра. Сè уште има големи немири, на кои претходат убиства на невини девојки и луѓе. Тешко е да се знае точниот број на жртви, но она што се случува таму е катастрофално. Фудбалот во моментов не е во преден план кај народот. Очекуваа репрезентативците да застанат на нивна страна, но бидејќи слободата на говор е голем проблем во Иран, играчите не се огласија. Повеќето луѓе им замеруваат“ , ја објасни ситуацијата за далматинскиот портал Божидар Радошевиќ, член на НК Вараждин, кој дел од својата кариера ја помина во Иран .
Играчите сепак на овој начин се изјаснија и испратија порака до татковината. На властите сигурно нема да им се допадне, па овој чекор пред очите на целиот свет беше храбар чин на иранските фудбалери.
Iran fans outside the stadium ahead of the England game later pic.twitter.com/bprRJInjkz
— Matt Law (@Matt_Law_DT) November 21, 2022