Connect with us

Фудбал

Неверојатно, иако има 33 години, Барселона на Меси му нуди 10-годишен договор

Каталонската телевизија „Тв3“ тврди дека преговорите помеѓу Лионел Меси и Барселона се во поодмината фаза. Наводно големи се шансите Аргентинецот сепак да остане во каталонскиот тим, иако пред почетокот на сезоната беше поблиску до заминување.

Сепак, според овој медиум Лапорта и Меси веќе преговараат. Барса му нуди на Меси 10-годишен договор. Според предлогот, Аргентинецот би имал побврска да игра 2 години активно, потоа би можел да оди во МЛС Лигата каде воедно би бил  амбасадор на Барселона за останатиот дел од договорот.  Потоа, би стекнал искуство како извршен директор, што е позиција што ќе го чека при враќањето на „Камп Ноу“.