Connect with us

Фудбал

Неверојатно, на СП во Катар роботи наместо судии?!

Фудбалот се менува, тоа е дефинитивно, а со менувањето многумина велат се губи убавината. Воведена е ВАР технологијата со цел да се намалат грешките на судиите, а тие би можеле да бидат целосно исфрлени од „употреба“ за време на фудбалските мечеви.

Имено, директорот на развојот на технологијата на ФИФА Јоханес Холцмулер најавува дека веќе на СП во Катар во 2022 година, линиските судии би можеле да бидат сменети со роботи.


До теренот, според неговиот прелог, би биле поставени роботи, кои секогаш би ги влечеле линиите со последниот играч на одбраната и кога некој играч би бил во офсајд, би го алармирале главниот судија.

-Идејата на проектот е да се забрза прегледањето на снимката и на ВАР да му се олесни работата. Линиите повеќе не би ги „влечеле“ судиите во ВАР собата, туку роботи со што би се забрзал процесот. Денеска офсајд линиите ги влечат врз основа на замрзнување на сликата од телевизискиот пренос, но некогаш ниту на тие снимци не може добро да се процени состојбата. Програмата се уште ја усовршуваме, која нема да може да ги препознае ситуациите на пасивен офсајд, тоа ќе го одлучуваат ВАР судиите, вели Холцумер.