Фудбал
Неверојатно, но вистинито, Јунајтед добил понуда за Мегваер, но ја одбил, навивачите збеснале!
Репрезентативниот стопер на Англија, Хари Мегваер, од најскап одбранбен играч во историјата на фудбалот стана непожелен во Манчестер Јунајтед, а сето тоа поради низата неуспеси на кои стамениот дефанзивец е склон откако пристигна на „Олд Трафорд“.
Во летото 2019 година, Мегваер премина во Јунајтед од Лестер за отштета од 87.000.000 евра, сума која никогаш досега не била издвоена за дефанзивец.
Претходните денови се зборуваше за интерес на Челзи и Њукасл Јунајтед, но неодамна стигна првата конкретна понуда од Вест Хем Јунајтед. Според Фабрицио Романо, „чеканите“ испратиле понуда од 23.000.000 евра за англискиот стопер, но челниците на англискиот гигант категорично ја одбиле и покрај тоа што Мегваер во моментов има статус на петти стопер под водство на тренерот Тен Хаг.
Оваа вест ја откри порталот „Атлетик“, а потоа ја потврди и „Би-Би-Си“, а кога излезе во јавноста предизвика гнев кај навивачите на Јунајтед. Приврзаниците на тимот од Манчестер сметаат дека играчот склон на грешки мора да биде продаден на првиот понудувач, а во славниот англиски клуб се надеваат дека ќе следи нешто попрофитабилна понуда од онаа што ја испратија „чеканите“.