Кошарка
Неверојатно, три средби од осминафиналето на Евробаскет завршија со исти резултати
Со истиот резултат 94-86 завршија три од четирите натпревари одиграни во неделната програма на осминафиналето на Евробаскет 2022 година.
Со овој резултат Полска ја совлада Украина, Хрватска загуби од Финска, а Италија ја приреди најголемата сензација на турнирот елиминирајќи ја Србија.
Вакво нешто веројатно никогаш не се случило во историјата на европските кошаркарски првенства.
Последното осминафинале за малку ќе завршеше со истиот епилог како и претходниот 94-86, но Чешка постигна уште еден кош. Грција победи со 94-88.