Connect with us

Фудбал

Неверојатно – Заработи милиони, но не го интересира луксузот: Поранешниот играч на Барселона и Арсенал одморот го поминува во кампер

Многу посветен на еколошките прашања, шпанскиот десен бек Хектор Белерин (28) на својот Инстаграм профил објави фотографии од неговото патување во кампер, далеку од очите на јавноста и луксузните дестинации.

Белерин баш и не се придржува до клишето на фудбалска ѕвезда која би го поминала својот одмор на популарно и луксузно место. На сред одмор, додека многу негови пријатели ги „бомбардираат“ социјалните мрежи со фотографии од Мајами, Ибица или Дубаи, играчот на Спортинг на својот Инстаграм сподели неколку снимки од своето патување во кампер.

Патем, Белерин е многу посветен на еколошките прашања и ги спроведува своите идеи во пракса. Во септември 2020 година, Хектор Белерин стана акционер на ФК Форест Грин Роверс, англиски клуб кој се смета за најеколошки во светот. Неколку недели претходно, во јуни и пред крајот на сезоната одложена поради Ковид, Шпанецот вети дека ќе засади 3.000 дрвја за секоја победа на Арсенал. Акцијата овозможи повторно засадување на 60.000 дрвја. „Мислам дека работите што најмногу ме прават среќен се бесплатни. Живееме во капиталистички свет, многу фокусиран на шопинг и се повеќе и повеќе работи, но тоа не е вистинската работа и нема да ве однесе никаде. Ако веќе имате една кола, зошто ти требаат десет? Ние сме фудбалери дехуманизирани, во балон. Го губиме односот со навивачите. Има многу работи што не одвојуваат од народот, а тоа не се случило порано“, тој еднаш изјавија за каталонските медиуми. Белерин во својата досегашна кариера настапуваше за Арсенал, Ватфорд, Бетис и Барселона, а член на Спортинг е од јануари оваа година.