Фудбал
Неверување во Англија поради еден детаљ на списокот на шпанската репрезентација
Фудбалската репрезентација на Шпанија овој месец ја очекуваат пријателски натпревари против Исланд и Албанија.
Селекторот Луис Енрике денеска го објави списокот на играчи на кои ќе смета за споменатите два натпревари.
На спискот на Шпанија се: Унаи Симон, Роберт Санчез, Давид Раја; Ерик Гарсија, Жорди Алба, Маркос Алонсо, Лапорте, Пау Торес, Диего Љоренте, Аспиликуета, Карвахал; Коке, Родри, Педри, Гави, Карлос Солер, Маркос Љоренте; Дани Олмо, Сарабија, Мората, Раул де Томас и Јереми Пино.
Општо неверување во Англија, особено во црвениот дел на Манчестер, откако видоа дека на списокот го нема голманот на „црвените ѓаволи“, Давид де Геа.
Британски „Дејли мејл“ одлуката на Енрике ја опиша како „отказ“ и покрај одличната форма на овој голман.
Да потсетиме, Де Хеа беше избран за најдобар играч во Премиер лигата во јануари оваа година. За потсетување, последниот голман кој ја однесе оваа награда дома беше Фрејзер Фостер од Саутемптон во февруари 2016 година.
Де Геа оваа сезона ја постигна и втората позиција по број на одбрани во елитната класа на англискиот фудбал (105), а повеќе од него има само голманот на Лидс, Илан Меслиер – 111.
Колку Де Геа се цени во Манчестер покажува и неодамнешната изјава на привремениот тренер на оваа екипа, Ралф Рангник, кој рече дека Де Геа е еден од петте најдобри голмани во светот, споредувајќи го со единицата на Баерн, Мануел Нојер. .
Да потсетиме, на списокот го нема играчот од средниот ред на Барселона, Серхио Бускетс, за кого клубот бараше да биде ослободен од обврските и одмор од жестокото темпо.
Првиот натпревар шпанската репрезентација ќе го одигра на стадионот во Корнеља на 26 март против Албанија, додека три дена подоцна во Ла Коруња ќе ја пречека репрезентацијата на Исланд.