Connect with us

Тајмаут

Невидени мерки за безбедност пред утрешното Ел Класико на Камп Ноу

Натпреварот требаше да се одигра во октомври, но беше одложен поради немирите на улиците на Барселона, кога се одржуваа масовни протести поради затворањето на каталонските политички лидери.

Каталонската сепаратистичка организација Цунами објави дека ќе се обиде да го наруши утрешниот натпревар, така што обезбедувањето е засилено со три илјади чувари, што е рекорд за еден натпревар во Ла Лига.