Connect with us

Фудбал

Невидено лудило во Валенсија: Леванте имаше три пенали, Барселона победи со гол во 92. минута

Барселона го пречека Леванте во Валенсија во 31. коло од шпанската Ла Лига, а на крајот го доби овој неверојатен натпревар со 3:2 со три досудени пенали за домашната екипа.

На Леванте им ’гори под нозе’ и секој бод му е важен во борбата за опстанок. Против Барселона вечерва беа одлични, во рака го имаа каталонскиот великан, но на крајот го загубија натпреварот со гол во 92. минута од натпреварот.

Првото полувреме не донесе голови. Имаше шанси на двете страни, а најголемата ја имаше Моралес во 27. минута. Го совлада Тер Штеген, но Ерик Гарсија расчисти од гол-линијата.

Со резултат 0:0 заминаа на одмор, а потоа беше виден вистински спектакл кој донесе три гола.

Домашните поведоа во 52. минута. Дани Алвеш направи пенал, а Моралес прецизно погоди за водство на Леванте од 1-0.

Три минути подоцна Леванте има уште една голема шанса. Нико играше со рака, судијата покажа на белата точка, но овојпат Тер Штеген му го одбрани ударот на Марти и ја спаси Барселона.

Тоа му даде крилја на каталонскиот клуб кој застана за само три минути. Најпрво во 59. минута Аубамејанг погоди за 1:1, а потоа Педри со феноменален гол за 2:1.

Двата тима потоа пропуштија неколку шанси, а во 82. минута од натпреварот Леванте доби уште еден пенал. Ленглет го сокри, а Гонзало Мелеро погоди за 2:2.

Блескаше од сите страни до крајот, а во 92. минута Барселона дојде до победата. Лук де Јонг постигна гол за конечни 3:2.