Connect with us

Фудбал

Невил: Манчестер јунајтед со Варан, Кејн и Санчо го има рецептот за титула!

Поранешниот фудбалер на „црвените ѓаволи“, Гери Невил вели дека на клубот не му треба Кристијано Роналдо и одвои три имиња за кои мисли дека ќе го вратат шампионскиот сјај на „Олд Трафорд“.

Манчестер јунајтед ја заврши сезоната во Премиер лигата со триумфот од 2:1 над Вулверхемптон во неделата, составот на Оле Гунар Солскјер заврши како второпласиран на конечната табела со 12 бодови зад шампионот Манчестер сити.

Норвешкиот менаџер има шанса да се закити со трофеј сезонава, односно в среда (26 мај) го игра финалето во Лига Европа против Виљареал на теренот во Гдањск, Полска (21.00 часот).

Според Невил, доколку сака Јунајтед да се бори за титула, верува дека со Рафаел Варан (дефанзивецот на Реал Мадрид), Хари Кејн (напаѓачот на Тотенхем) и Џејдон Санчо (крилото на Борусија Дортмунд) може да се остварат големите цели.

За Роналдо само додаде дека го сака, но подобро е Португалецот да ги остави спомените каде што се.

Роналдо со клубот успеа трипати да ја освои Премиер лигата, двапати Лига купот, а по еднаш ФА купот, ФА Комјунити Шилд, Лигата на шампионите и ФИФА Светското клупско првенство.