Фудбал
Невил: Трите напаѓачи на Манчестер Јунајтед беа смешни
Гери Невил, една од легендите на Манчестер Јунајтед, упати критики до тројцата напаѓачи Ентони Марсијал, Маркус Рашфорд и Даниел Џејмс, за нивното издание во последниот натпревар. Говорејќи на „Sky Sports“, поранешниот дефанзивец на Англија навести дека шефот на Шефилд, Крис Вилдер, нема да го замени неговиот напад против „црвените ѓаволи“.
„Недостаток на подвижност од Мартијал, Рашфорд и Џејмс тоа беше лоша шега. Навистина, тие беа апсолутно смешни. Во текот на целиот натпревар не видовме ништо од нив. Средниот ред на Манчестер Јунајтед е слаб, но сите очекуваме нешто подобро од тројцата напаѓачи. Ако го прашавте Крис Вајлдер да ги разменат Мек Голдрик и Моусет со Марсијал и Рашфорд, тој ќе речеше не“.
И покрај тоа што во текот на играта имаше речиси 60 проценти посед на топка, Манчестер Јунајтед не можеше да победи.
„Пред малку ги нареков смешни. Нивното движење на терен беше страшно. Тие изгледаа скоро непостоечки. Напаѓачите на Манчестер Јунајтед не беа добро во посед, не успеаја да извршат притисок врз противникот. Шефилд Јунајтед покажа квалитет “.