Connect with us

Фудбал

Невообичаена објава на Ибрахимовиќ пред пристигнувањето во Милано

Златан Ибрахимовиќ денес и официјално треба да стане нов член на Милан.

Искусниот шведски напаѓач се согласи да соработува со „росонерите“ до крајот на сезоната со можност за продолжување на неговиот договор за уште една година.

Пред потпишувањето на договорот, Ибра објави на Твитер интересна фотографија на која се гледаат стапала и само кратко напиша:

„Не е ароганција. Доверба“.