Connect with us

Фудбал

Незадоволниот Меси предизвика нов скандал во ПСЖ. Тренерот го молеше да се премисли

Лионел Меси повторно е главна тема кога е во прашање францускиот фудбал и неговиот долгогодишен господар ПСЖ. Аргентинецот овојпат е тема на француските медиуми поради инцидент кој според неколку француски новинари се случил на вчерашниот тренинг.

Во еден момент, тренерот на ПСЖ, Кристоф Галтиер, побара од играчите да прават вежби кои вклучуваат игра 2-на-2, а Меси, видно изнервиран на почетокот на тренингот, ја отфрли идејата и реши да го напушти тренингот. Галтиер наводно го следел до излезот од тревникот и го молел да не го прави тоа и да остане на тренинг, но Аргентинецот ги одбил сите молби и си заминал дома.

Ова не е првпат во ПСЖ да не се почитува хиерархијата и синџирот на команда, но првпат главниот лик во една од приказните за непочитување на редот во соблекувалната на ПСЖ е токму Меси. Досега најмногу се зборуваше за непослушноста која ја демонстрираше Нејмар.

Ултрасите бесни на Меси, огромно е негодувањето на навивачите на ПСЖ против Лионел Меси откако нивниот клуб втора година по ред беше елиминиран во првата нокаут рунда од Лигата на шампионите, од доаѓањето на Аргентинецот. Затоа ултрасите на ПСЖ објавија порака.

„На неделниот натпревар на „Паркот на принцовите“ против Рен, ќе го исвиркаме Меси. Премногу добива во однос на тоа што го прикажува на теренот, посебно затоа што го немаше во најважните натпревари од Лигата на шампионите. Не го сакаме повеќе во клубот“.

Меси дојде во ПСЖ во летото 2021 година без обештетување, но со огромна плата. Неговиот договор завршува на лето, кога ќе наполни 36 години. Според француските медиуми, тој бара од ПСЖ да продолжи да добива 40 милиони евра годишно и да му се гарантира статусот на стартер за да остане. На 65 натпревари за ПСЖ, Меси постигна 29 и асистираше за уште 32 гола, но остана неефикасен во најважните натпревари.