Connect with us

Фудбал

Незадоволство во Холандија, два клуба поднесоа тужба

Прекинот на сезоната во Холандија предизвика големо незадоволство.

Иако имаше пораки од УЕФА дека сите првенства треба да бидат завршени пред почетокот на новите сезони, Холандија одлучи да го прекине фудбалот по кратка постапка.

Поточно, холандскиот премиер Марк Рут забрани големи јавни собири, а тоа вклучува и фудбалски натпревари до 1 септември, за да се спречи ново појавување на инфекција со коронавирус. Беше решено дека нема да има шампион, при што Ајакс и АЗ Алкмар се согласија со одлуката, а првото место го дела со гола разлика, додека некои клубови жестоко не се согласуваат.

ПРв клуб кој се побуни беше Утрехт, кој ја загуби Европа и финалето на Купот, а жалби најавуваат и овторолигашите Камбур Леуварден и Де Графшап, откако им беше одбиена унапредувањето во повисоките редови.

„Камбур Леуварден и Де Графшап најавуваат тужби и милиони отштети“, пишуваат медиумите во Холандија.

Доколку нивниот случај биде усвоен, 20 наместо 18 клуба би се натпреварувале во Ередивисон следната сезона.