Connect with us

Фудбал

Незапаметени сцени во Бундеслигата: Водачот на навивачите ги построи играчите и им очита лекција (ВИДЕО)

Во 26. коло од германската Бундес лига, Дармштад на домашен терен доживеа тежок пораз од Аугсбург со 6:0, а тоа особено тешко им падна на навивачите на домашната екипа кои полека го губат трпението. Имено, по натпреварот еден од симпатизерите се симна од трибините и им очита лекција на играчите и стручниот штаб што веројатно добро ќе ја паметат. Водачот на навивачите не можеше да го сокрие бесот додека викаше, а играчите во тој момент можеа само да го слушаат.