Connect with us

Фудбал

Незапаметено: 12 играчи денеска пристигнаа на тренингот на Баерн, сомнителен натпревар закажан за во петок

Тренерот на Баерн, Јулијан Нагелсман имаше само 12 играчи на располагање за тренинг во среда, па се уште е нејасно дали лидерот во Бундеслигата ќе може да го одигра мечот во петок против Борусија Менхенгладбах.

Германскиот шампион има осум играчи заразени со новиот коронавирус, од голманот Мануел Нојер до крилниот напаѓач Лерој Сане. Покрај тоа, недостасуваат Буна Сар и Ерик Максим Чупо-Мотинг кои се во Африканскиот куп на нации.

Според посебните прописи за пандемијата на коронавирус одобрени од сите германски клубови, тимот мора да има најмалку 15 играчи кои ги исполнуваат условите, вклучително и голман. Во случај да не може да го постави овој број на играчи, баварскиот клуб може да побара одложување на натпреварот во петок.

Нагелсман на денешниот тренинг имаше 10 играчи со двајца голмани. Во таа група е и Леон Горецка, но тренираше индивидуално и неговиот настап во петок е под знак прашалник, додека Јосип Станишиќ се повреди, а Никлас Суле исто така го пропушти тренингот.

Но, ривалот на Баерн, Борусија Менхенгладбах, кој пријави четири случаи на коронавирус во тимот, исто така има проблеми.

Со оглед на сите околности, не е исклучено раководството на Бундеслигата да го одложи натпреварот кој беше планиран за петок навечер.