Connect with us

Кошарка

Незапирливиот Лука Дончиќ ја сруши одличната серија на Јута Џез (ВИДЕО)

Published

on

Синоќа кошаркарите на Далас Маверикс на одличен натпревар ги совладаа кошаркарите на Јута Џез, кој се во одлична форма, со 111:103 на својот паркет, а Лука Дончиќ повторно беше во центарот на вниманието.

Домашниот тим беше подобар тим од почетокот и по првиот дел водеше со 27:20. Далас продолжи со одлична игра и успеа да стигне до двоцифрена предност, но во финишот на првиот дел Јута успеа да се врати и замина на пауза со резултат 50:42 за домашниот тим.

Во третата четвртина Далас успеа да го прекине мечот и да стигне до предноста што ја зачуваа до крајот на играта. Домашниот тим одигра навистина одлично против одличната Јута и на крајот заслужено славеше со 111:103.

За Јута, ова беше прв пораз по девет последователни победи, додека Далас е во одлична серија бидејќи има пет победи по ред во НБА-лигата.

Далас до победата го предводеше фантастичниот Лука Дончиќ кој постигна 31 поен и додаде уште девет скока и осум асистенции. Кај тимот на Јута, најдобар беше Конли со 28 поени.

 

Facebook