Поврзи се со нас

Фудбал

НФЛ: 17 нови случаи на коронавирус

Националната фудбалска лига (НФЛ), најсилното натпреварување во американскиот фудбал, објави денес дека се потврдени 17 нови случаи на коронавирус меѓу играчите, како и 35 заразени членови на персоналот.

Тестовите беа направени минатата недела и вклучуваа 2.482 играчи и 5.374 членови на персоналот.

Од почетокот на август до 14 ноември, НФЛ и Здружението на играчи објавија дека биле спроведени 645 000 тестови, а 95 играчи и 175 други членови на персоналот биле позитивни на вирусот корона.

loading...

Facebook