Connect with us

Ракомет

„Ние тргнавме за Виена за нови победи“, македонската репрезентација ќе има голема поддршка од трибините

Голем број на љубители на спортот денеска тргнаа за Виена, каде утре од трибините ќе ја бодрат македонската ракометна репрезентација.

На социјалните мрежи се пишува дека голем е бројот на возила кои пристигнале во Виена.

„Ние тргнавме за Виена за нови победи“ напиша битолчанецот Томе Лазаревски.

Европското првенство официјално започна денес, додека утре во 20:30 часот  е првиот натпревар на македонските ракометари против селекцијата на Украина.