Connect with us

Други спортови

Ник Киргиос ја забавуваше публиката, па го предаде мечот по два сета

За Ник Киргиос, Вимблдон заврши.

Киргиос денес играше на мечот од 3. коло на Вимблдон против Канаѓанецот Феликс Огер-Алиасиме, но по помалку од еден час игра и комплетирани два сета, Австралиецот реши да се предаде.

Киргиос ја забавуваше публиката на различни начини во првите два сета во негов стил, но почувствува болка во мускулот и на почетокот на 3-от сет мораше да се откаже од мечот.

Во првиот сет тој го победи Огер-Алиасиме со 6:2, додека вториот сет му припадна на Канаѓанецот, убедливо (6:1). Таму веќе беше јасно дека Ник не може да игра и да влече на теренот, па прашање на време беше кога ќе ја соопшти одлуката за предавање на судијата.

Младиот Канаѓанец го освои пласманот во осминафиналето без голема борба, а таму го чека победникот од дуелот Фриц – Зверев.