Фудбал
Никако да победат – Арсенал во судиското надополнување остана без победа
Арсенал има тежок период и во Премиер лигата и во Лига Европа. Иако Емери направи многу измени за натпреварот против Виторија Гимараеш, настапот сепак беше слаб и неоправдан.
Два гола постигнати во последните десет минути, по еден на двете страни.
Во прво полувреме и двете екипи не покажаа добра игра. Домаќинот имаше одлични шанси за гол, нјо сепак резултатот остана 0:0.
Во 81. минута Шкодран Мустафи постигна гол и му донесе предност на Арсенал од 0:1.
Кога се чинеше дека Арсенал ќе ги добие трите бода, Дуарте во судиското надополнување го изедначи резултатот на 1:1.
Арсенал останува на врвот на табелата со 10 освоени бодови и има прилично добри шанси да помине во нокаут фазата.