Други спортови
Нико Хулкенберг доби шанса да се врати во Формула 1?
Непосредно пред почетокот на новата сезона во Формула 1, Хас реши да го отпушти Никита Мазепин.
Поради сите случувања меѓу Русија и Украина, рускиот возач беше отпуштен како своевиден протест на тимот на Хас против сето она што Русите му го направија на народот на Украина во десетте дена од почетокот на војната.
Мазепин синоќа изјави дека е шокиран од таквиот потег на Хас бидејќи сезоната е пред почеток, а најголемиот дел од подготовките ги мина со тимот.
Но, во Хас сметаат дека тоа било единственото решение, па освен што го отпуштиле Мазепин, решиле да ја прекинат соработката и со нивниот најголем спонзор Уралкали, кој исто така е руска компанија.
Хас сега треба експресно да најде возач за новата сезона бидејќи Мик Шумахер моментално е осамен во овој тим.
Сепак, неколку возачи се поврзуваат со овој тим, а многумина веруваат дека договорот со Хас ќе го потпише Нико Хулкенберг, кој на тој начин ќе се врати во Формула 1.
Сепак, се уште нема официјални информации и очигледно е дека во Хас не сакаат премногу да избрзуваат со изборот на нов возач, и сакаат да го направат она што е најдобро за тимот.