Connect with us

Фудбал

Нико Коваќ посакува триумф против својот иден клуб

Нико Ковач ќе го предводи Ајнтрахт Франкфурт за последен пат како тренер во вечерашното финале од Купот на Германија против Баерн Минхен, по што ќе застане на чело на Баварците.

Од следната сезона Ковач ќе го замени Јуп Хајнкес на функцијата тренер на Баерн.

– Ние сакаме да победиме во финалето. Што ќе се случи потоа не е важно. Ова ќе биде експлозија од емоции за тимот и навивачите. Финалето е убав подарок за збогување, изјави Коваќ.

Последен пат Ајнтрахт во националниот куп триумфирал пред 30 години. Тоа беше нивни четврти трофеј, додека Баерн има 10 во ова натпреварување.