Connect with us

Фудбал

Никој не го поднесувал Сари, а Роналдо тоа му го кажал в лице

Лошата игра во текот на целата сезона на крајот го чинеше отказ Маурицио Сари, а не му помогна ниту тоа што ја освои шампионската титула во ЛШ. Ретко кој го сакал тренерот Сари. На поголемиот дел од играчите им пречело неговото иднесување, пушењето цигари, а пред се тоа се Кристијано Роналдо и Џорџо Кјелини.

Според тврдењата на „Газета дело Спорт“, Кристијано Роналдо јасно и гласно, в лице му рекол на тренерот да не сака да игра на позицијата централен напаѓач. Не бил задоволен од неговите тактички замисли, а тоа му го соопштил во разговор но и со неговото однесување на теренот. Кјелини исто така отворено бил против Сари. Не го поднесувал, а овој му враќал со тоа што би го ставал на клупата за резервни фудбалери. Исто така фудбалерите се жалеле на цигарите. Во канцеларијата на Сари наводно не сакале да одат бидејќи се мирисало на цигари. Според ова може да се заклучи дека на крајот сите се среќни со неговиот отказ.