Connect with us

Фудбал

Никој не го сака Алексис Санчез

Се чини дека Санчез нема иднина во Интер или Ман Јунајтед

Според „The Sun“, Интер и Манчестер Јунајтед не сметаат дека Алексис Санчез е важен за нивниот тим.

Санчез во моментов е на позајмица во Интер, но Антонио Конте не го сака по крајот на сезоната.

Дури и Манчестер Јунајтед не го сака и ќе го натера играчот да тренира одделно кога ќе се врати на ’Олд Трафорд’, сè додека не најде клуб каде ќе ја продолжи кариерата.

Тој беше фантастичен во Арсенал, но по трансферот во Јунајтед, Санчез беше во сенка.