Фудбал
Никој не се надеваше на оваа одлука: Реал Мадрид се откажа од големиот потпис
Реал Мадрид наводно се откажал од доведување на германскиот фудбалер Антонио Рудигер следното лето.
Одличниот дефанзивец на Челзи е слободен играч на крајот од оваа сезона, а од првиот ден од новата година може да преговара со други клубови.
Реал Мадрид во претходниот период се споменуваше како многу веројатна опција за потпис, имаше огромен интерес од страна на кралевите, но мадридскиот великан наеднаш се откажа.
Така барем тврди новинарот Хозе Луис Санчез, кој во емисијата „El Chiringuito“ изјави дека Реал веќе не размислува за потписот на Рудигер и дека ја напуштиле оваа ‘операција’.
?El Real Madrid no se plantea fichar a Rudiger
No contempla esta operación#JUGONES#ElChiringuito pic.twitter.com/gJfBchOlto— José Luis Sánchez ?? (@JLSanchez78) January 3, 2022
Рудигер така ќе ги види и другите понуди што ги добил. Интерес за него покажуваат Баерн, ПСЖ, но и Јувентус, кој наводно се вклучил во трката за овој фудбалер.
Антонио Рудигер е член на Челзи од 2017 година. Тој одигра 166 натпревари и постигна девет гола.
Претходно, 28-годишниот фудбалер играше за Рома и Штутгарт, каде ја започна својата професионална кариера.