Connect with us

Фудбал

Никој не смее ни да зуцне: Рамос „построи“ две sвезди во соблекувалната на Реал!

Серхио Рамос е апсолутен лидер и жива легенда на Реал Мадрид, играч без кого популарните „кралеви“ на моменти делуваат како просечна европска екипа.

Дејли Меил тврди дека Рамос се судрил со две големи sвезди на „Лос Бланкос“ во соблекувалната поради лошите перформанси.

Капитенот на Реал ги „построи“ Иско и Марсел кои не се обидуваат доволно кога ќе добијат шанса да играат. Прво го нападна неговиот сонародник, а потоа и Марсел, кој е еден од заменик-капитените.

Марсело беше капитен во шокантниот пораз од Шахтјор Доњецк кога покажа навистина лоша форма, додека Иско беше стартер против Ваљадолид и Кадиз кога Зидан го извади на полувремето.

Вербалниот конфликт се случи по Ел Класико, но шпанските медиуми ја објавија оваа приказна во јавноста само пред натпреварот од Лигата на шампионите против Борусија Моенхенгладбах.

Дека има вистина за кавгата во соблекувалната потврдува и фактот дека Зидан во Германија не играше со Иско и Марсел, а Реал успеа да спаси уште еден пораз во последен момент.

Борусија имаше предност од два гола, но Бензема и Касемиро погодија за 2:2. Иако Касемиро го постигна вториот гол, клучен беше скокот на Рамос, што уште еднаш покажа дека Реал едноставно не може без него.