Connect with us

Фудбал

Никој поскромен од Мане: Доаѓам од мало село…

Напаѓачот на Ливерпул Садио Мане вчера беше награден со наградата за најдобар фудбалер на Африка.

Сенегалскиот фудбалер победи со 477 гласови убедливо пред соиграчот од Ливерпул, Мохамед Салах (325) и играчот на Манчестер Сити, Марез (267), со што стана вториот Сенегалец што ја освои титулата најдобар во Африка.

Мане не зборуваше многу откако ја прими наградата. Како и секогаш, тој беше многу смирен во изјавата што ја даде:

„Искрено, повеќе сакам да играм фудбал отколку да држам говор пред толку многу луѓе. Среќен сум и горд во исто време. Благодарам на моето семејство, особено вујко ми кој е тука. Ова е одличен ден за мене и би сакал да им се заблагодарам на народот на Сенгал и на оние што гласаа за мене. Јас потекнувам од едно мало село наречено Бамбали и сигурен сум дека сите вечерва ме гледаат“, рече Мане.

Мане одигра навистина одлично минатата сезона. Тој постигна 32 голови на 53 настапи за Ливерпул и беше едноставно незапирлив за противниците.

Тој повторно е феноменален оваа сезона и има 15 голови и 11 асистенции.