Connect with us

Фудбал

Никола Глигоров поднесе оставка, не е повеќе тренер на Вардар

Шефот на стручниот штаб Никола Глигоров поднесе оставка по поразот на вчерашниот натпревар со Гостивар и повеќе нема да го води клубот. Информацијата ја потврдија од таборот на „црвено-црните“.

 

-ФК Вардар му се заблагодарува за досегашната соработка и му посакува среќа и успех во понатамошниот тек на кариерата, се вели во реакцијата.

Инаку, мечот Гостивар-Вардар предизвика многу реакции од гостите кои сметаат дека биле оштетени од судиите. Подоцна се покажа дека нивните тврдења биле оправдани, бидејќи по анализта на правена од судиската организација на ФФМ биле утврдени неколку грешки на судиите. Поради тоа тие се суспендирани до крајот на сезоната.