Јокиќ одлично се снајде во дресот на Денвер Нагетс оваа сезона и на крајот заслужено ја освои МВП наградата.
Сепак, со Денвер немаше многу успех во плејофот, бидејќи овој тим беше елиминиран во полуфиналето на Западната конференција. Нагетс ја заврши сезоната со „метла“ откако Феникс Санс ги победи со 4-0.
Откако Јокиќ ја заврши долгата НБА сезона, јавноста во Србија со нетрпение очекуваше да објави дали ќе игра за националниот тим на Олимписките игри ова лето.
По неколку дена чекање, српскиот кошаркар конечно проговори и ја разочара српската јавност објавувајќи дека нема да оди на Олимписките игри.
“За мое огромно жалење, ова е моментот кога треба да објавам дека и покрај мојата голема желба, не сум во можност да играм за националниот тим. Едноставно, состојбата на моето тело бара подолго отсуство од теренот за да се опоравам”, рече Јокиќ, додавајќи.
“Ставот и сугестијата на клубот и една неизбежност треба да ја прифатам. Сигурен сум дека момците без мене имаат квалитет да направат резултат што ќе ни донесе на сите многу радост”.
Пред оваа одлука, Денвер објави дека се грижат за здравјето на Јокиќ доколку се реши да игра за националниот тим бидејќи оваа сезона одигра над 80 натпревари во НБА лигата.
После тоа беше јасно дека Јокиќ најверојатно ќе ги пропушти Олимписките игри, што сега и официјално го потврди. Јокиќ последен пат играше во дресот на Србија на СП 2019 во Кина.