Поврзи се со нас

Кошарка

Николов: Чест ми е што ќе го носам дресот на Македонија

Од повиканите репрезентативци тоа се Малденовски , Ефремоски, Стојановски, Мајгдевски, Бакоч, Николов, Симоновски, Митревски, Робев , Трајковски, Савиќевиќ и Тодоровски.
Поради повреда на првиот тренинг не се појавија Андреј Андоновски и Јетмир Зекири.

„Ова за мене е чест, да се биде дел од националниот тим на Македонија е чест. Пред сè, секогаш се радувам кога сум во дресот на Македонија. Во овој циклус одиме подмладени. Има некои нови дечки, таленти, ќе дадеме се од себе. Немаме никаков притисок, одиме со бистри глави и знам дека ќе излеземе на теренот со желба за најпозитивен резултат. Ќе се бориме на секој дел од теренот, и дека ќе го оствариме она за кое сме тука.

Секако во Талин одиме на победи. И против Естонија и против Италија, тоа е наша цел, тоа е репрезентација на Македонија. Ќе дадеме се од себе за да успееме, верувам во тоа, зошто да не?“, коментира Николов.

Националниот тим предводен од селекторот Тодоров тренираше од 18ч. Во СЦ Јане Сандански но за жал ТВ Сител не успеа да обезбеди изјави од стартот на подготовките  иако уредно ја пријави својата екипа кај потпаролот  на кошаркарската федерација и доби потврда дека може да ги направи предвидените разговори.

loading...

Facebook