Connect with us

Фудбал

Николов за Гибралтар: Ова е катастрофа, не знам како УЕФА го дозволува!

Стрелецот на вториот гол во победата од 2:0 за македонската фудбалска репрезентација Бобан Николов по мечот се пожали на условите за игра поточно за теренот.

„Не знам како УЕФА дозволува да се игра на ваков терен, ова е катастрофа. Секоја чест на соиграчите, покажавме искусно и победивме. Имавме проблеми и со ветрот, не сакам да барам алиби, но не беше лесно да се игра, изјави Николов.

Како што е познато теренот на кој се играше денешниот меч е со вештачка подлога.